Илустрација / Фото: Влада

Министерството за внатрешни работи соопшти првични информации за престрелката која вечерва се случила во Старата скопска чаршија.

-На 6 март 2023 во 20 часот и 11 минути во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.