Дваесетгодишниот скопјанец Џ.И. со живеалиште во Швајцарија, синоќа, во 20.43 часот, на автопатот Скопје-Куманово, со возило „ауди“ го удрил 54-годишниот Г.С. кој починал на самото место.
– На 18.8.2023 во 20.43 часот во скопското СВР било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, на излез од главниот град, скопјанецот Џ.И.(20), со живеалиште во Швајцарија, управувајќи патничко возило „ауди“ со швајцарска национална ознака, удрил пешакот Г.С.(54) од с. Пчиња, кумановско, по што го оставил возилото и го напуштил местото. Од здобиените повреди пешакот Г.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – известуваат од МВР.
Околу 21.40 часот, Џ.С. сам се јавил во Општа болница Куманово каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.