Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, денес е уапсен по долгогодишно бегство во Србија, објавуваат медиумите, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи (МВР).
– Денеска (10.1.2023) на ГП Табановце е приведен Д.Д., кој се бараше со меѓународна потерница, и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа – соопшти МВР.
Даравелски беше осуден со правосилна судска пресуда за проневера на 2,5 милиони евра, додека беше директор на Царинската управа во периодот од 1999 до 2002 година. Беше познато дека престојува во Белград, но Македонија не успеа да издејствува екстрадиција.