Градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека повторно има дојави за бомби во пет училишта во Гази Баба.
-Со жалење сакам да ја информирам јавноста дека во општинските основни училишта „25 Мај“, „Дане Крапчев“, „Григор Прличев“, „Кирил и Методиј“ и „Крсте Мисирков“ се пристигнати дојави за поставени бомби. Спроведени се сите безбедносни протоколи, направена е евакуација и сите дечиња се на безбедно. Пријавено е во надлежните институции и се очекува да се проверат дојавите. Сакам да изразам најостра осуда кон испраќачите на овие дојави и барам од институциите час поскоро преку преземање на сите мерки кои им стојат на располагање да стават крај на ваквите појави – информира Стефковски