Родители на учениците од неколку основи училишта во скопските општини Аеродром и Центар утрово биле повикани да си ги земат децата заради дојави за поставени бомби. Се очекуваат подетални информации од МВР, чии екипи се на терен. Дојави имало и во училишта во Штип.
На мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата, утрово добиени се дојави за поставени експлозивни направи, информираат од МВР за МИА. Во некои училишта, по извршените проверки од страна на МВР, наставата е продолжена.
МВР најави повеќе информации во текот на денот.