Дваесет и четиригодишна девојка од Куманово доби тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи на патот Куманово – с. Пчиња на местото наречено Менкова Колиба.
„Патничко возило ‘пежо’, со кумановски регистарски ознаки, управувано од К .К. (24) од Куманово, излета надвор од коловозот. Во несреќата К. К. добила тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово“, соопшти полицијата.
Извршен бил увид на местото на несреќата.