Во СВР Охрид вчера било пријавено дека во Општата болница во Охрид починало деветмесечно бебе во 8.10 часот истиот ден.
– Бебето претходно во Службата за итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвиниел телото е дадено на обдукцијa – информираат од СВР Охрид.
Пред неколку дена, на 14 мај, почина седуммесечно бебе од Вевчани во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ по извршен хируршки зафат. Бебето било донесено во болница од неговата мајка.
Според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење веднаш била извршена операција. Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.