Илустрација / Фото: Игор Бансколиев

Регионалниот Центар за управување со кризи Кочани известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Кочани, по дојава во 9.52 часот, инервенирале на гаснење пожар на семејна кука во населба Оризари, Општина Кочани на улица „Љупчо Сантов“ бб. Било интервенирано со 3 возила од ТППЕ Кочани, 5 пожарникари и 4 мештани при гаснење на пожарот.
При пожарот во куќата починало едно женско лице на возраст од околу 80 години, а при противпожарната интервенција бил повреден и еден пожарникар.
По гаснењето на пожарот се повикани полициски екипи од Полициската станица ПС Кочани, кои вршат увид на самото место.