Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 23 пожари на отворен простор, од коишто три се уште се активни, еден е под контрола, а 19 се изгаснати.
За гаснење на пожар во атарот на село Тажево – повеќенаменското подрачје „Јасен“, општина Македонски Брод се дејствуваше во текот на вчерашниот ден на неколку преостанати краци од пожарот со 23 лица од единицата ЕБР со сопствени моторни возила и 3 пожарникари од ТППЕ – Македонски Брод и 10 лица од Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“. Во попладневните часови во негово гаснење интервенираше 1 хеликоптер на Армијата.
Пожарот кај село Плаќе (Илинска Планина) каде што беше опожарена рудина и сува трева зафаќаше предел од три општини (Охрид – Ресен – Демир Хисар) е под контрола, но, на места од ветерот повторно има избувнато пламен. На терен, ПП силите се уште вршат проверка и обиколка и го држат под контрола – четири лица од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Галичица“.
На пожарот на Илинска Планина, што започна во утринските часови на 26-ти овој месец се интервенираше во текот на целиот ден, а вчера во 12:00 часот беше добиена информација од терен од вработените на ЈП НШ подружница „Бигла“ од Демир Хисар дека во утринските часови пожарот е ставен под контрола односно истиот е изгаснат и на одредени места се гледа слаб чад. Екипата од ТППЕ Демир Хисар во 11:30 часот била повлечена од терен. На терен останале 12 вработени од ЈП НШ подружница „Бигла“ од Демир Хисар кои го контролирале опожареното подрачје до 19.00 часот. Во текот на денешниот ден екипа од ЈП НШ подружница Бигла од Демир Хисар повторно ќе изврши контрола на терен за да не дојде до повторно активирање односно препалување на пожарот.
Пожарот на потегот од село Хаџи Хамзали кон село Црешка е се уште активен и покрај тоа што на него е интервенирано со воздухоплови во неколку наврати. Екипите на ТППЕ Штип – три пожарникари со едно теренско возило, ДЗС, ЈП „национални шуми“ и членови на ловното друштво денеска интервенираа на шумски пожар од запалени смреки и грмушки во атарите на село Хаџи Хамзали и село Црешка. На истиот е интервенирано седум пати од воздух со два воздухоплова. Пожарот е активен и поголем дел од него се наоѓа на територијата на армискиот полигон Криволак. Екипите синоќа се повлечени, а од утрово се повторно на терен.
Вчера во 15:22 часот беше започнат пожар на шума во атар на село Татомир, Општина Кратово. Во гаснењето на пожарот интервенираа девет пожарникари со две цистерни, екипа од Јавно комунално претпријатие од Кратово и месното население. Пожарот е се уште активен.
-Инаку, во последното деноноќие се изгаснати 19 пожари на отворено, во Општина Струмица, кај село Водоча (каде што горела нискостеблеста шума); Општина Струмица, село Браилово (ниска вегетација); Општина Старо Нагоричане, село Макреш (ниска вегетација); Општина Куманово, село Канарево (ниска вегетација); Општина Куманово, кај село Студена Бара кон Ново Село (ниска вегетација); Општина Сарај, село Кондово (мешана шума); Општина Бутел, покрај ул.„Боца Иванов“ (ниска вегетација и ѓубриште); Општина Илинден, населба „Илинден“ (ниска вегетација); Општина Арачиново, село Арачиново (ѓубре); Општина Демир Хисар, покрај ул.„Маршал Тито“ (ниска вегетација); Општина Прилеп: село Дебреште, село Лажани (стрниште); Општина Прилеп, Покрај Регионален пат Прилеп-Битола, бензинска Саида Петрол (ниска вегетација); Општина Крушево, село Селце (ниска вегетација); Општина Охрид, депонија Мауцкер (ѓубриште); Општина Желино, село Палатица и село Сиричино (депонија, гуми); Општина Тетово, во близина на бензинска Цедо Петрол (ниска вегетација); Општина Гостивар, село Балиндол (ниска вегетација); Општина Кочани: село Мојанци (стрниште) и во Општина Делчево, кај село Црквенец (каде што горела ниска вегетација)- информираат денеска од ЦУК.