Архива / Фото: МИА

Бојан Јовановски-Боки 13 се уште е во лоша здравствена состојба и во болница. Ова е причината поради која е одложена јавната седница пред Апелација за случајот „Меѓународен сојуз“. Следната јавна седница се закажана за 5 јуни 2023 година.

-Јавната седница пред Апелациниот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ-153/22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ закажана за ден 24.04.2023 година, се одложи поради неможност на обвинетиот Б.Ј.од С. да присуствува на седницата по скоро извршена хируршка интервенција кој сеуште е хоспитализиран и ја прима неопходната нега, додека за обвинетата Ј.Е. нема уредна достава, за што судот е известен од бранителот дека има промена на адреса непријавена во судот, по што е задолжен бранителот во рок од три дена да ја достави точната адреса – стои во соопштението на Апелација.