фото: Архива

Возач загина кога автомобилот удрил во столб од наплатна станица „Романовце“.
Несреќата, како што информираа од СВР Куманово, се случила доцна синоќа околу 3.30 часот.

-На автопатот Скопје-Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – соопшти полицијата.

Пожарот е изгаснат.