„Требавте да мислите“, и рече Јанева на Русковска, а таа и одговори: „Вие да мислевте, немаше да бидете во оваа судница“.
На ова се надоврза и обвинетиот Бојан Јовановски кој кажа: „И вие да не монтиравте, немаше да бидеме во оваа судница“.
Претходно, поранешната специјална обвинителка побара да не бидат исклучени како што рече, непријатните работи од разговорите.
– Бараме да не бидат исклучени непријатните работи за да се види кој манипулира, кој е изманипулиран, кој нуди поткуп – кажа Јанева пред судот.
Процесот продолжува со слушање на снимките доставени од Зоран Милески – Кичеец до Обвинителството.