Рано утринава, нешто по 5 часот избувнал пожар на фарма во скопското село Батинци.
Од противпожарна инфомираат дека пожарот бил локализиран околу еден час од пријавувањето, а било интервенирано со 2 противпожарни возила и шест пожарникари.
Штетата која настанала се проценува на околу 600 илјади денари, а според информациите на противпожарна, пожарот избувнал на фарма која била во сопственост на шест браќа.
Пожарот бил предизвикан од млин за сточна храна кој се наоѓал на фармата.