Четириесет и шест годишен жител на струшкото село Мислешево го загубил животот при пад од трактор, извршувајќи земјоделски работи, соопшти денеска СВР Охрид.
Полицијата информира дека се работи за Б.М. (46), кој починал на нива во местото „Градарица“.
Во одделението за внатрешни работи Струга, вчера околу 13 часот, од Итната медицинска помош, пријавено е дека примиле повик за повредено лице на нива во месноста „Градарица“, атар на струшкото село Мислешево и дека по излегување на местото, медицинската екипа констатирала смрт.
Од извршениот увид предводен од јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Б.М.(46) од селото Мислешево, кој починал при управување трактор, информираа од полицијата.