Хеликоптер интервенира при пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ кој се држи под контрола за да не дојде до негово проширување, како што посочи помошник-раководителот на Центарот за управување со кризи, Марија Милкова, на денешната прес-конференција, согласно состојбата со пожарите до 11 часот.  Таму интервенираат и 20 припадници на АРМ, вработни во ШС Јасен и НП Јасен, како и тројца пожарникари со едно ПП возило.

Пожарот кај селата Дивље и Крушје е со намален интензитет, со што продолжува неговото гаснење. Таму интервенираат ШС Караџица со 12 вработени, тројца пожарникари и противпожарно возило. Пожарот кај селото Топлица е активен кон селото Крстец, и е со слаб интензитет.

Моментно се гасне пожарот во нискиот дел од селото Ракле над м.в.Габо село, каде гори лисната постилка. Таму интервенираат шетсмина вработени во ШС Црн Бор Прилеп.

Пожарите во атарот на село Слатина во Македонски Брод е локализиран, во село Девич и во м.в.Бејаз Тепе во општина Пехчево, кој потоа се префрли кај селото Будинарци во Берово се локализирани.