Хеликоптерите се вратени во Скопје за да наполнат гориво и повторно ќе одат на терен, изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека во моментот се работи на надминување на правните пречки за да може да биде доставена цистерна со керозин најблиску што може, со цел хеликоптерите да не мораат повторно да се враќаат до Скопје за гориво.
Ангелов за денеска во 13 часот го свика Главниот штаб за да се изработи акциски план, откако Владата прогласи на кризна состојба во траење од 30 дена.