Управата за финансиска полиција до скопското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против една врботена, одговорно лице во Приватната здравствена установа – Специјална болница за гинекологија, акушерство и ортопедија „Санте плус груп“ – Скопје, како и против правниот субјект.
Првопријавената во периодот од 2016 година до 2018 година, со намера да стекне противправна имотна корист за себе и за пријавената здравствена установа, во повеќе наврати извршила исплата на парични средства во готово во вкупен износ од 35.097.304 денари по основ на плата и додатоци/бонуси на плата на поголем број вработени во пријавената здравствена установа, без притоа таквите исплати да ги евидентира во сметководствената евиденција на приватната здравствена установа и без да пресмета пријави и плати и придонеси за задолжителното пензиско и инвалидско осигурување, придонеси за задолжителното здравствено осигурување, придонеси за вработување и дополнителни придонеси, како и персонален данок од доход.
Со тоа била причинета штета на буџетот во вкупен износ од 11.609.349 денари.