На локалниот пат меѓу скопските села Долно Количани и Горно Количани, полициски службеници, врз основа на судска наредба, денеска го лишиле од слобода Е.Т.(30) од Долно Количани.
Како што информираат од МВР, за него била распишана централна потерница за издржување мерка притвор, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на притворот.