Непознати лица украле автомобил во Гази Баба, по што се дале во бегство и пукале кон полицијата која ги следела.
Сцената се одвивала вчера попладне, кога М.Т. пријавил во полицијата дека неговото возило е украдено. Полициски службеници го затекнале автомобилот во Маџари и почнале да го следат. Кога крадците ја забележале полицијата го оставиле возилото и почнале да бегаат.
– Тие не застанале на предупредување од полициските службеници, а едно од лицата испукало еден куршум кон нив, но не ги повредил. Исто така, полициски службеник испукал еден куршум во воздух – велат од МВР.
Возилото било вратено на сопственикот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.