Во попладневните часови на 11 февруари во полициската канцеларија во Самоков, 36-годишниот скопјанец С. С., инаку управител на приватна фирма, пријавил кражба на муниција, која, според неговата изјава, била извршена во периодот меѓу јули 2020 и 9 февруари 2021.
Пријавителот посочил дека од магацин, лоциран во склоп на компанијата, поранешен погон за ремонт на оружје, а сега погон за конфекција, непознат сторител одзел 162 придушувачи за автоматска пушка и две цевки и кундаци за воздушни пушки.
Полицијата извршила увид на местото, а за настанот бил известен јавен обвинител од кичевското Основно јавно обвинителство.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.