Отсекот за економски криминал при СВР Штип ги лишил од слобода Е.Ј. (39) и С.Ј. (45), двајцата од Штип, поради сомнение за сторено кривично дело лихварство.
Тие се сомничат дека давале пари на заем со писмени и усни договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати.
Кај нив биле пронајдени и одземени предмети што потекнуваат од кривичното дело: пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки, во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства, корисници на социјална помош и други социјални додатоци.
Се работи на целосно документирање на случајот по што против Е.Ј. и С.Ј. ќе бидaт поднесени соодветни пријави.