Нема повредени лица, но е причинета материјална штета синоќа при удар на товарен воз во патничко возило оставено на пругата меѓу железничките станици Миладиновци и Илинден.
Во Секторот за внатрешни работи Скопје ноќеска во 01:10 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Миладиновци и железничката станица Илинден товарен воз кој сообраќал на релација од Табановце кон Скопје Југ удрил во патничко моторно возило „Опел Корса“ со скопски регистерски таблици оставено на пругата од страна на непознато лице.
Патничкиот и товарниот соораќај на тој дел од пругата бил во прекин од 03:10 до 05:45 часот поради вршење увид на местото на настанот.