Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнз, денеска попладне беше во посета на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Целта на средбата како што информираат од таму, била претставување на тимот од шумската служба на САД, кој како поддршка од УСАИД на националните напори за справување со шумските пожари во наредните две недели ќе им даде поддршка на субјектите и на ЦУК на стратешко и на тактичко ниво, но и ќе се планираат активности за понатамошна соработка.
Амбасадорката Брнз имала куса средба и со членовите на Главниот штаб за управување со кризи, кој е во постојано заседавање, при што била информирана за актуелната состојба и за справувањето со пожарите.
Ангелов се сретна со романската амбасадорка и со командирот на „Спартанот“
Денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов оствари средбата со амбасадорот на Романија во земјава, Адела Моника Аxинте и со командирот на противпожарниот авион Спартан ЛТЦ (АФ) Флорин Јанкулеску. На средбата се разговараше за досегашното гаснење на пожарите во државата со овој авион, како и за утрешните активности во гасењто на пожарите.