Жител на скопското село Визбегово, Џ.Р. (62) вчера на бул. „Никола Карев“ во Скопје, е тешко повреден откако бил удрен од патничко возило „БМВ 530“ со холандски национални ознаки, управувано од А.А. (30) од Холандија.
МВР информира дека повредениот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а по укажаната помош тој бил задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.