Дваесет и петгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата на улиците „Џон Кенеди“ и „Благоја Паровиќ“ во Чаир.
Во несреќата учествувале мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(25) од Скопје и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Ф.(54) од Скопје и паркиран автомобил „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки.
Како што соопштија од МВР, мотоциклистот С.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.