Велосипедист е тешко повреден во Скопје. Според полицијата, вчера во 13:10 часот на крстосница од улиците Никола Карев и Симеон Кавракиров во Скопје, С.С. (35) од Скопје, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје.