Четири лица од Тетовско се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка, која следела по претходна расправија.
Тепачката се случила на 30.01.2020 во 20.10 часот на ул. „Страшо Пинџур“, помеѓу Е.Љ.(28), М.Љ.(53), и двајцатa од тетовското с.Порој, од едната и Б.Ф.(35) од с.Мала Речица, тетовско, и Е.Л.(37) од Тетово, од другата страна.
Во физичката пресметка Е.Љ. употребил остар предмет, додека Е.Л употребил пиштол, за кој поседувал дозвола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.