Осумдесет годишен маж со здравствени проблеми, со остар предмет му нанел повреда на неговиот син во селото Идизово, јавува МВР.
Според пријавеното, тој бил совладан од членови на семејството, при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.