СВР Струмица поднесе кривична пријава против струмичанецот М.К. (41) поради основи за сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.
Пријавениот завчера околу 10 часот во куќата на С.Д., додека таа не била присутна, се обидел да изврши други полови дејствија врз нејзината малолетна ќерка.
Девојчето давало активен отпор, по што пријавениот избегал.