Седумдесет и седумгодишен старец вчера се обесил, во селото Мало Мраморани, Прилепско, според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Т.З. (77) извршил самоубиство со бесење, вчера околу 7 часот изутрина, информира полицијата.
Извршен е увид на местото на настанот.