Вчера околу 18 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Сатеска“, се случила сообраќајна незгода во која учествуваа патничко моторно возило „Пасат“ со гостиварски регистерски ознаки управувано од А.Б.(22) од Австрија и „Рено“ управувано од Т.М.(45) од Скопје.
-Двете возила по магистралниот пат се движеле во ист правец од Кичево кон Гостивар, при што автомобилот „Рено“ со својот преден дел удрил во задниот дел на Пасатот. При оваа сообраќајка сопатникот во Реното Б.Ј.(55), се здобила со тешки телесни повреди и поради тежината на повредите пренесена е во Ургентниот центар во Скопје – информираше портпарол на СВР-Охрид, Стефан Димовски.
Причините за сообраќајката дополнително ќе се утврдуваат. З.А.