На магистралниот пат Кичево-Охрид, вчера во 8.30 часот товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(44) од Скопје, излетало од патот.
Од МВР информираат дека со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид.