Шеесетгодишниот Т.Т. (60) од Скопје вчера попладнето пријавил дека на улицата „Лисец“ ја пронашол неговата сопруга М.Т.(61) падната во дупка за јама полна со вода и оти таа не давала знаци на живот.
Како што соопшти МВР, Т.Т. повикал Итна медицинска помош и од страна на лекар била констатирана смрт.
Телото на починатата е извадено од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.