Дваесет и едногодишен жител на селото Сенокос ја удрил својата мајка и и нанел повреда.
Како што информираше полицијата, на 07.04.2018 година во 14,00 часот во Полициското одделение Галате, Х.А. (45) од с.Сенокос пријавила дека од страна на нејзиниот син А.А. (21) и била нанесена повреда.
Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и во дворот од семејната куќа ги затекнале пријавителката и нејзиниот сопруг како разговарале со лицето Н.И во врска со настанот.
Потоа А.А. почнал да ги навредува со погрдни зборови полициските службеници и неговите родители, а во еден момент почнал да фрла со камења кон нив. Од нивна страна А.А. бил предупреден да престане, но истиот продолжил и се заканувал дека ќе фрли бомба. А.А. бил приведен.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.