Доцна попладнево се удавил капач во Претор, според неофицијални информации. Според очевидци станува збор за млад капач од Ресен.
До несреќата, наводно, дошло откако тројца млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата.
Моментно капачи се обидуваат со мрежи да ги извлечат удавеното дете од езерото.
Нуркачите трагаат по капачот во Претор
По исчезнувањето на младото момче во Претор, засега уште не е пронајдено додека трае потрагата во водите на Преспанското езеро.
Доцна попладнево во потрагата се вклучиле и нуркачи кои стигнале од Охрид.
Но прашање е дали тие вечерва ќе можат да ја продолжат потрагата.
Според тие кои го познавале момчето станува збор за капач на возраст од 16-17 години, жител од селото Јанковец, Ресен.
До несреќата наводно дошло на тој начин што тројца другари се возеле со педалинка. Во еден момент педалинката се превртела, двете од трите момчиња испливале на брегот, а еден од капачите потонал во водата.
Сите напори на присутните да го пронајдат третото момче не успеале. Тие се обиделе да го пронајдат и со мрежа, но сето тоа било залудно. М.М.