Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Тетово-Попова Шапка, во село Гајре.
Како што информираат од МВР, во несреќата учествувале „Форд Транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(25), автомобил „БМВ“ управувано од А.Р.(64) и „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(38), сите од село Шипковица, тетовско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници во возилото „Форд Транзит“ на возраст од 17 и 16 години, додека останатите пет сопатници во истото возило се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле пренесени во болницата во Тетово каде им била укажана лекарска помош.