Резултатите од ДНК анализата со кои со сигурност треба да се идентификуваат жртвите од несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија се очекува да бидат готови за неколку дена, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов.
Тој нагласи дека заедно со македонските колеги го прецизирале начинот на кој ќе се работи истрагата за несреќата.
На местото на несреќата, Сарафов и портпаролката на јавниот обвинител Шијка Милева разговарале со македонскиот јавен обвинител Љубомир Јовески и со шефицата на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција Вилма Русковска.
– Бугарија очекува Република Северна Македонија да испрати биолошки материјал од роднините на загинатите во опожарениот автобус на автопатот Струма за да се завршат работите на ДНК тестовите – изјави Сарафов.
Тој посочи дека во тек се распити на жртвите и очевидците, но дека сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата.
Останатите три автобуси, појасни Сарафов, се движеле 15-20 минути пред тој што се запали, како и дека во него имало и втор возач, но не е јасно дали е меѓу преживеаните.
Автобусот бил релативно нов, околу три години и претстои сложено форензичко и техничко вештачење.