Првото рочиште за тужбата на Катица Јанева против Бојан Јовановски е одложено поради хируршкиот зафат врз Боки 13. Следното рочиште во Кривичниот суд во Скопје ќе биде закажано кога Јовановски ќе биде пуштен од болница.
Тужбата е поради фотографија на која се гледа Јанева со пари, а која наводно ја снимил Јовановски. Фотографијата беше прикажана при презентирањето на материјалните докази во „Рекет“, по вештачењето на мобилниот телефон на Јовановски. Јанева е првостепено осудена на седумгодишна затворска казна за „Рекет“, а Јовановски на казна затвор од девет години.