Пронајдено е безживотното тело на момчето кое завчера се удави во реката Вардар кај неготинско Пепелиште, потврди за МИА директорката на Здравствен дом Неготино Билјана Филипова.
Телото било пронајдено во близина на местото на несреќата, при што екипа на Брза помош констатирала смрт кај момчето, без да забележи знаци за други надворешни повреди, според Филипова.
З.Ј. (39) завчера пријавил во Полициската станица Неготино дека неколку малолетници влегле во реката Вардар, при што, еден од нив не бил виден да излезе од водата.