Распитот на Али Ахмети во седиштето на ЕУЛЕКС во Приштина би требало да продолжи денес, според практиката на Специјалното обвинителство за Косово на која се повикуваат тамошните медиуми. Вчерашниот исказ на претседателот на ДУИ пред обвинителите траел повеќе од осум часа.
При добивањето на судската покана, Ахмети истакна дека бил повикан на распит во својство на сведок, како еден од основачите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и учесник во косовската војна кон крајот на 90-те години.