Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат дека Камчев може да се крие, но и да се даде во бегство, па затоа сметаа и дека треба да му се определи оваа мерка за обезбедување присуство.
– Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, донесе решение со кое ја продолжи мерката притвор за лицето Ј.К за 30 дена, поради постоење на околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП – информираа од Кривичен суд.
Камчев, по одредувањето на првиот притвор и спроведувањето во затворот „Скопје“, негираше дека сакал да бега.
Притворот на Камчев му е одреден за предметот „Плацеви на Водно”.