Секторот за внатрешни работи Тетово ќе поднесе кривична пријава против Р.А.(32) од село Одри, Tетовско, поради постоење основи на сомнение дека извршил пет тешки кражби, една тешка кражба во обид и една кражба.
Р.А. се сомничи дека во мај и јуни оваа година насилно влегувал во куќи во Одри и одземал различни технички производи, апарати за домаќинство и друго, кои подоцна ги продавал на други лица во Тетово и Tетовско, кои ќе се товарат за сторено кривично дело прикривање. Најголемиот број од одземените предмети и опрема се пронајдени и им се вратени на сопствениците.