Судот ѝ определи 30-дневен притвор на ќерката што ја вчера ја задави мајка си во скопски Карпош. Основното јавно обвинителство Скопје против неа отвори истрага за убиство.
Осомничената вчера се пријавила во полициска станица Карпош и изјавила дека при вршење семејно насилство, ја задавила сопствената мајка. Таа рекла дека ја убила мајка си поради меѓусебни несогласувања и расправии заради финансиски средства.
Телото на 74-годишната жена со наредба на јавниот обвинител е предадено за обдукција. Во исто време, издадена е наредба за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место.