Судот му определи 30-дневен притвор на жител на Чаир во чиј дом било пронајдено оружје кое го поседувал без дозвола.

Според информациите на МВР, вчера при извршен претрес во дом кај М.Д.(38) од Скопје, на ул. „Дижонска“, бил пронајден револвер „Црвена застава“, модел „магнум 357“.

Против М.Д. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а по дадениот исказ пред обвинител, М.Д. бил изведен пред судија на претходна постапка и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.