Полициски службеници од ОВР Струга, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, вчера во времето од 21 до 24 часот, извршија контроли во угостителски објекти во струшкото село Велешта, во врска со Законот за заштита на население од заразни болести и новите одлуки за промени на работното време на угостителските објекти, информира МВР.
– Притоа, констатирано е дека два угостителски објекти, не ги почитувале мерките за работното време до 18 часот и продолжиле со работа и примале гости. Двата објекти веднаш се затворени од ДПИ, а две лица-сопственици на објектите, се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – соопштува Министерството за внатрешни работи.