На 59-годишна возраст почина актерот Ванчо Крстевски, член на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица.
Од струмичкиот театар известија дека утре, 4 март, во 11 часот ќе се одржи комеморација во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.
Крстевски беше роден на 30 ноември 1960 година, а беше член на Струмичкиот театар од 1982 година. Досега одиграл 105 улоги и остварил низа забележителни ролји.
Учествувал во повеќе телевизиски проекти, а глумеше и во филмовите „Прашина“ на Милчо Манчевски и „Жената што ги избриша солзите“ на Теона Митевска. Во 2018 година, во рамките на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица, за улогата на Арсен во претставата „Петтиот чин“ ја доби наградата на НЕТА за најдобра машка улога.