Безживотно машко тело е пронајдено кај поранешната сендвичарница „Густав“ на улица Дрезденска во скопската населба Тафталиџе. Неофицијално станува збор за сопственикот А.Р. кој престојувал во објектот на некогашната сендвичарница, каде имало импровизиран кревет на кој спиел.
На социјалните мрежи соседите пишуваат дека телото попладнево било изнесено од сендвичарницата која се наоѓа на аголот спроти основното училиште „Војдан Чернодрински” и дека станува збор за сопственикот, кој наводно починал пред неколку месеци.
Тој спиел во сендвичарницата на импровизиран кревет, каде бил и пронајден. Претпоставките се дека го пронашол случаен минувач.
Од МВР велат дека телото е предадено на Институтот за судска медицина каде ќе биде извршена обдукција, по што ќе се знаат повеќе детали околу причините за смртта и идентитетот на починатиот маж.