Полицијата утрово извлекла 67-годишна жена од водите на реката Вардар во Скопје.
– Денеска (01.01.2021) во 10.16 часот, веднаш по добивање на пријава во СВР Скопје дека има женско лице во реката Вардар, во близина на хотел во Скопје, полициски службеници од интервентната полиција влегле во водите на Вардар и ја извадиле жената, на која веднаш ѝ е пружена прва помош.
Потоа жената е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, при што не биле констатирани повреди – соопшти МВР.