Во однос на наводите од невладината „Платформа за родова еднаквост”, Македонскиот полициски синдикат реагира преку соопштение. Во него се вели дека полициските службеници имаат изградено голем професинализам и интегритет во работење и во никој случај при своето професионално работење и постапување со граѓаните, не се водени од родовите стереотипи и предрасуди.
Нема да дозволиме како синдикат, поедини случаи да бидат генарилизирани и на тој начин да се навредуваат и омаловажуваат полициските припадници дека се непрофесинални, неетички а најмалку дека се родово несензибилизирани или во рамките на своите полициски постапувања и овлстувања истите се водени од прерасуди и стереотипи.
Македонскиот полициски синдикат во континуитет работи на заштита на правата на полициските службеници и нивните секојдневни обврски кои истите ги имаат во извршувањето на службените задачи и во никој случај нема да дозволи на ваков начин истите да бидат омаловажени и навредени. Колку за потсетување сведоци сме и свесни сме дека полицаец го загуби животот при интервинарање на пријава за семејно насилство во Куманово што нажалост можеме да констатираме дека на ваков начин докажуваме дека полициските службеници по секоја пријава постапуваат и преземаат мерки, со што за жал понекогаш има и трагичен крај.
Потенцираме и стоиме цврсто на ставот дека дека нема потреба од дополнителни правни акти во МВР за уредување на санкционирање во случај на семејно насиство, затоа што доколку другите институции надлежни за справување и заштита на жртвите од семејното и родово базираното насиство би биле „законски уредени и подредени“, како тоа што е правно и институционално регулирано како во МВР, тогаш со сигурно би тврделе дека насилниците ќе бидат соодветно санкцинирани“, се вели во соопштението.