Во периодот на забраната за движење од 22 часот вчера до 5 часот утрово, констатирано е дека 29 лица не ја почитувале забраната за движење, информираат од МВР.
Од нив, 18 лица биле затекнати на територија на Скопје.
Од МВР додаваат и дека во текот на изминатото деноноќие, за мерката за носење на заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани биле 544 прекршоци.
Ресорното министерство апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на ковид-19.